
Неготинец е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка откако кај него се откриени повеќе видови разни дроги кои ги продавал главно во блиските јужните градови во земјата, како Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.

При извршен претрес во домот и други простори кај лицето 41-годишниот А.Т во Неготино пронајдени и одземени се: 1,5 килограми наркотична дрога марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.
А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.