
На почетокот на 34-та седница на Собранието беше објавена пауза од половина час откако не беше обезбеден кворум за гласање по предлогот по скратена постапка да се носат измени на Законот за градење, а пратеникот на ДУИ, Артан Груби, го обвини опозициското Движење БЕСА за тоа што Собранието работи на раб на кворум.
„Жалам што прарениците на БЕСА не дојдоа и не овозможија работа на Комисијата за избори и именувања за да се изгласа Насер Ајдини за уставен судија и со тоа са се комплетира Уставниот суд, како и да се изберат два члена во Советот на обвинители. Пратениците на Беса ги нема и на пленарна седница за да гласаат за измени на Законот за градба со што ќе се овозможи да се уреди граничниот премин Беланице-Станчиќ. Беса само декларативно се залага за реформи, а всушност ги кочи процесите“, обвини Груби.
Пратеникот од ДУИ оцени дека власта е конструктивна и оти добро течат преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ за реформските закони, особено за Законот за заштита ба сведоци. Тој повторно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од повеќе 35.000 амандмани, да се врати во Собранието и да си го смени однесувањето.
На денешните седници не присуствуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно пратениците изласаа во рамки на 34-та седница да се дискутира по скратена постапка по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, предложен од пратениците Томислав Тунтев, Ејуп Алими, Јован Митревски, Соња Мираковска, Реџаил Исмаили и Горан Милевски.
Како што образложи Мираковска, со измените се додава нов став во член 71, каде се прави разлика во рокот за затворање на трансакциските сметки во врска со изборите на градоначалниците и советниците. Причина за тоа, како што наведе, е што општините не се во состојба да ги исплатата обврските и затоа рокот од три се зголемува на девет месеци.
На дневен ред на 34-та седница се предлог–изборот на потпретседатели на Собранието, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен….
Претходно, Собранието на продолжение на 24-та го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.