8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

МВР со детали за сообраќајката кај Палас

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која во вторникот околу 14,10 часот се случи на  булеварот „8-ми Септември“ во Скопје, информираат од МВР.

Собраќајната незгода се случила меѓу патничко моторно возило „мазда“ со штипски регистерски таблички, управувано од 66-годишниот Љ.К. од Виница, и автомобил „фиат“ со скопски регистерски таблици, управувано од 33-годишниот Д.И. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека увидот е се уште во тек.