„Транспаренси“: ДУИ се финансирала и со пари од јавни претпријатија

Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила основани сомневања за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови за финансирање на партијата ДУИ, по претставка од „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

„По анализа на Годишниот извештај за членарини и донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија забележа дека на листата како донатори се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии, посочуваат од „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

Документацијата од која произлегуваат овие сомневања Државната комисија за спречување на корупцијата ја предала во Основното јавно обвинителство Скопје.