
Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во сообраќајна несреќа која попладнево околу 17:20 часот се случи на скопската обиколница, пред клучката Радишани.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „Рено Меган“ со скопски регистерски таблици, управувано од В. Ѓ. (54) од Скопје и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици.
Возачот на возилото „Југо“ починал на лице место, смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош, додека В.Ѓ. е пренесен во Клинички центар Мајка Тереза.
Полициски извршиле увид на местото на несреќата.