Барса и Реал сигурни на домашен терен

Фудбалерите на водечката на табелата Барселона во средбата од 25-то коло на шпанското првенство ја прегазија Гирона со 6:1 на „Ноу Камп“, додека актуелниот Реал Мадрид на „Сантјаго Бернабеу“ со 4:0 беше убедлив против Алавес.

Гирона одлично го започна мечот против големиот противник и повеќе уште во 2 минута кога Кристијан Порту му ја зема топката на невнимателниот Умтити и ја погоди празната мрежа. Но се чини дека овој погодок ги разлути Каталонците кои до полувремето постигнаа четири голови, а во второто уште два. Трикратен стрелец беше Луис Суарез во 5, 44 и 76 минута, двапати прецизен беше Лионел Меси во 30 и 36 минута од кои едниот од прекрасно изведен слободен удар, а исто така перфектен гол, дебитантски во Ла Лига, постигна и Филипе Киутињао во 66 минута.

По проблематичниот период, фудбалерите на Реал продолжија со победничката серија и лесно го совладаа со слабиот но борбен Алавес. „Кралевите“ и покрај целосната доминација поведоа дури во 44 минута преку Кристијано Роналдо кој погоди и во 61 минута. Стрелци уште беа и Герет Бејл во 48 минута и Карим Бензема о 89 минута од пенал.

Со четвртата победа во низа Реал се зацврсти на третото место на табелата со 51 оди и меч помалку, четири зад градскиот ривал Атлетико кој во недела има тешко гостување кај Севилја, а водечката Барселона има 65 бодови. Гирона е на 9-то место со 34 бодови, а Алавес е 16-ти со 28 бодови и засега е безбеден во борбата за опстанок.

Претходно во саботата Леганес и Лас Палмас одиграа без голови, па така домашните останаа на 12-то место со 30 бодови, додека гостите се во зоната на испаѓање 18-ти со 19 бодови, еден бод повеќе од Депортиво кој во петокот вечерта на домашен терен го постигна истиот резултат против Еспањол, кој, пак, е 15-ти со 28 бодови

Во саботата Селата во Виго го совлада Еибар со 2:0, со головите на Јаго Аспас во 56 и Максимилијан Гомес во 79 минута. Селта моментално е седма со 35 бодови, на колку што остана Еибар кој сега е осми.