(ВИДЕО) Андонова за Барса постигна гол директно од корнер

Наташа Андонова е првата македонска фудбалерка која успеа да го повтори ремек делото на Артим Шаќири во Саутемптон и да постигне гол од корнер.

Во натпреварот кој се одигра во саботата, Барселона славеше со 4:1 на дуелот на госто против Валенсија, а Андонова погоди директно од корнер во убедливата победа на каталонскиот гигант и го одушеви целиот нејзин тим.