Стружанец претепан во Скопје поради сообраќајка

Стружанец бил претепан поради расправија за сообраќајна незгода, вчера во Скопје, информираше МВР. Според полицијата, У.Б.(56) од стручкото село Делогожда вчера пријавил дека околу 17 часот бил претепан од неколку лица.

Инцидентот се случил на булевар Крсте Мисирков додека У.Б. бил паркиран со својот автомобил „фолксваген пасат“, во кој сопатници биле тројца негови роднини. Тогаш им се приближиле неколку лица, кои физички го нападнале У.Б. на кого му го скршиле носот и левата рака.

Според стружанецот, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што избегале. Повредените потоа се се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош. Причина за настанот, според У.Б., е претходна расправија која се случила околу 14 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” Скопје. Таму струѓанецот имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Се работи на целосно расчистување на случајот.