Македонскиот активист Златко Ковач кој живее во Вашингтон тврди дека македонските власти ги прислушуваат своите граѓани преку апликацијата Вибер.
Ако имате инсталирано Viber, хунтата на СДС следи не само што пишувате и зборувате преку Viber, туку ви го следи и целиот телефон, сите фајлови, слики, СМС, разговори, ве снимаат на предна камера, слушаат на микрофон, следат каде се движите преку навигација, се што сурфате. Еве зашто Министерството за Внатрешни Работи (МВР) ги следи овие комуникации. Прво Агенцијата за електронски комуникации направи истражување, а потоа МВР пристапи кон склучување на договори со сопствениците на платформите. Странка во договорот е Министерството за информатичко општество и администрација со фирмата Ракутен Вибер”, тврди Ковач.
Според истражувањето на АЕК, над 90 проценти од граѓаните што користат мобилен интернет комуницираат преку Вибер.
Според правилата за користење на Вибер која што е јапонска компанија, вашите податоците од апликацијата можат да бидат споделени со служби за безбедност, владини агенции но само како одговор на формални барања поврзани со тероризам, криминал, или други нелегални активности.