Одложено рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина на 26 април ќе одлучува по жалбата  на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски за одлуката на Солунскиот суд за нивна екстрадиција во Македонија. Денешното рочиште, како, што јави дописникот на МИА од Атина, беше прекинато пoрaди прaвни прaшaњa.

По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата се одржуваше зад затворени врати, а така ќе биде и на наредното рочиште. Тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски побара од шестчлениот Совет на судии и обвинителот рочиштето да не биде јавно. По барањето на претседателката на
Советот, тие образложија зошто сакаат судницата да биде испразнета и искористија неколку
аргументи.

Адвокатите рекле дека станува збор за политички прогон и оти Грујевски и Бошковски се обвинети за политички криминал, нешто со што тие како одбрана не се согласуваат, објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата се
јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата.

Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите. Едниот адвокат образложи дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта.