
Министрите за финансии на ЕУ на „црната листа“ на даночни оази наредната недела би требало да ги додадат Бахамите, Американските Девствени осттрови, како и Сент Китс и Невис, дознава Ројтерс.
Ангвила, Британските Девствени острови, карипскиот остров Доминика, Антигва и Барбуда ќе бидат придодадени на т.н. „сива листа“ јурисдикции кои не ги почитуваат стандардите на ЕУ за спречување на избегнување на плажањетто даноци, но кои се обврзале дека ќе ја променат таквата пракса.
Промените би требало да бидат усвоени во вторник на редовниот министерски состтанок.
Ројтерс претходно информираше дека на истата седницаа министрите би требало да ги тргнат од листата на даночни оази Бахреин, Маршалските Острови и островот Света Луција.