Новиот Клинички ќе се гради во Злокуќани

Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани, најави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Според него, во близина на болницата во Бардовци се планира изградба на медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

-Тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години- рече Филипче.

Последната локација, како што рече Филипче, не е најдоброто место за понатамошно функционирање на Киничкиот центар.

-Тоа место е угушено. На тоа место дури и со новиот проект немаше да се постигне добро сообраќајно решение. Немаше да има доволно паркинг места и улицата Водњанска и натаму ќе останеше тесно грло особено за граѓаните кои живеат во околината, а истовремено немаше да обезбеди добар пристап до болничката услуга. Новиот проект немаше да ни обезбеди модерен Клинички центар како во развиените земји-рече Филипче.