Напднале полицаец па добиле кривични

Двајца насилници заработиле кривични пријави за напад на полицаец,информираше МВР.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ќ.(26) од село Неготино и Џ.И. (22) од село Градец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Инцидентот се случил на 26 јануари годинава на паркинг пред Полициското одделение „Попова Шапка” кога полицаецот преземал службени дејствија во врска со непрописно паркираното возило на А.Ќ. , кој му упатувал закани по животот.
Насилникот потоа заедно со Џ.И. физички го нападнале полицискиот службеник.