Малолетник осомниечен за дваесетина тешки кражби

Малолетник заедно со уште две момчиња извршиле дваесеттина кражби во Струмичко, информираше МВР. Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ѓ.Д (22) од село Куклиш и Д.Т (26) од Струмица, како и против седумнаесетгодишникот. Тројцата се товарат дека од 30.12.2017 година до 21.02.2018 година извршиле 27 кривични дела тешка кражба и тешка кражба во обид од куќи и деловни простори, како и две кривични дела одземање моторно возило, сите на подрачјето на Струмица и во село Куклиш.

Од полицијата информираат дека кривична пријава за прикривање добил В.А. (29) од  Куклиш, кој од Ѓ.Д. и малолетникот откупувал различни предмети, иако знаел дека истите се украдени.

Од страна на СВР Струмица, по извршениот поголем број на кривични дела за кус период, беа превземени интензивни мерки за откривање на извршителите. на тешките кражби. Со наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на осомничените каде се пронајдени бројни предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кои со Потврда за привремено одземени предмети се одземени.