Функционери од Југот раскажуваат како Ким се шегувал на своја сметка

Свернокорејскиот челник Ким Џонг-ун се шегувал на сметка на својот имиџ во меѓународните медиуми додека на јужнокорејските функционери им го служел традиционалниот пијалок соџа и оладени тестенини, кои се специјалитет во Северна Кореја, во текот на нивната посета претходно седмицава, дотогаш не појмлива, на Пјонгјанг, велат за медиумите извори во јужнокорејската влада.

Во текот на средбата Ким се обврзал дека ќе се откаже од нуклеарното оружје и им рекол на јужнокорејските функционери дека сала да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјавил за новинарите во четвртокот во Белата куќа, шефот на делегацијата Чунг Еуи-вонг. Според јужнокорејските функционери кои го информираа Вашингтон за текот на посетата на Северна Кореја, Трамп и Ким имаат намера да се сретнат до крајот на мај.

Ким се пошегувал на сметка на тоа како го доживуваат надвор од Северна Кореја, рекол еден од функционерите на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејските претседатели. Функционерите кои зборувале на оваа тема барале да останат анонимни, имајќи ја предвид чувствителноста на темата.

Севернокорејскиот лидер кого Трамп претходно го навредуваше нарекувајќи со според анимираниот лик „Малиот Рокетмен“ бил „многу свесен“ за својот имиџ, рекол претставник на Југот, и додал дека реагирал со коментари „опуштено“ шегувајќи се на одвреме-навреме на сопствена сметка.

Ким на јужнокорејската делегација ѝ рекол дека претседателот Мун може мирно да спие, бидејќи Пјонгјанг решил да не спроведува нуклеарни и ракетни тестирања додека траат преговорите, рекол претставник на Сината куќа.

„На претседателот Мун не му било лесно да претседава со состаноците за националната безбедност во мугрите секогаш кога ќе лансиравме ракета“, рекол Ким во текот на вечерата со гостите од Јужна Кореја.

„Доколку разговорите на работните групи бидат некогаш прекината и непријателства избувнат (претседателот) Мун и јас тоа можеме лесно да го решиме со телефонски повик“, рекол Ким алудирајќи на „жешката“ телефонска линија којашто меѓу двајцата челници планираат да ја воспостават двете Кореи.

На средбата со Јужнокорејците, Ким не покажал дека има некакви замерки за јужните соседи и бил првиот кој ги отворил чувствителните теми меѓу кои и за обновувањето на воени вежби на Јужна Кореја и САД кои беа одложени во текот на одржувањето зимските олимписки игри, велат јужнокорејските извори.

„Тоа беше моментот кога знаевме дека напорите, коишто ги преземаа Северна и Јужна Кореја откако Мун Јае-ин ја презема должноста, се исплателе“, рекол еден од членовите на јужнокорејската делегацијата.

Менито во текот на посетата на делегацијата од Сеул покажало дека Севернокорејците ги запаметиле јадењата коишто Јужнокорејците ги споменале во текот на посетата на сестрата на Ким на Сеул, а на обедот се испиле неколку шишиња вино и пјалок направен од гинсенг и пјонјгангшка соџа.

„Шишињата не престануваа да пристигнуваат“, изјавил друг извор од јужнокорејската администрација.

Јужнокорејската делегација не забележала дека секој нејзин член има своја „сенка“ што е вообичаено при посетите на Пјонгјанг и биле слободни да се движат низ хотелот без придружба на совернокорејските разузнавачи.

Во текот на првата официјална посета на којашто присуствуваше сестрата на севернокорејскиот челник Ри Сол-ју, јужнокорејските функционери стекнале впечаток дека станува збор за рамноправни партнери. „Се чинеше дека се блиски и не наликуваше на нашите конзервативни мажи“, додале.