Хет-трик на Левандовски за висока победа на Баерн

Во средата од 26-то коло од германското фудбалско првенство минхенски Баерн на својата „Алијанц арена“ го победи ХСВ од Хамбург со 6:0 со трите на полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Ботаварците рутински ја одработија работата и прашањето на победникот беше решено по првите 20 минути од мечот и водството од 3:0. Играч на натпревар беше трикратниот стрелец Робин во Левандовски во 12, 19 и 90 минута од пенал а претходно во 86 минута не реализираше уште еден удар од белата точка, два гола постигна Французинот Франк Рибери во 8 и 81 минута, а меѓу стрелците се запиша и холандскиот ветеран Арјен Робен во 55 минута.

Хофенхајм убедливо го совлада Вофлсбург со 3:0. Стрелци беа Шулц во 18, Гнабри во 87 и Ѓуилавогу кој постигна автогол во 80 минута.

Аугсбург на гостувањето го победи Хановер со 3:1, а Херта и Грајбург одиграа без голови.

Н табелата води Баерн со 66 бодови, Шалке е втор со 46 бодови, додека на третото место е Борусија Дортмунд со 42 бода и меч помалку.