Јунајтед подобар за гол од Ливерпул, газдите на Вест Хем мораа да заминат поради безбедноста

Во последниот натпревар од саботната програма на 30-то коло од англиското фудбалско првенство, актуелниот шампион Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ славеше со 2:1 над Кристал Палас, а претходно попладнето со истиот резултат во Манчестер, Јунајтед беше подобар од Ливеприл во дуелот за второто место на табелата.

Двата свои гола Челзи ги постигна со голема доза на среќа, први ударот на Вилијан во 25 минута заврши во мрежата одбивајќи се од стативата, а во 32 минута бекот на гостите Кели го погоди во главата својот голман Хенеси, по што таа се одби во коленото на Кели и скршна во голот Кристал Палас во продолжението од мечот беше многу подобар, но успеа само да намали на 2:1 преки Вон Анхолт дури во 90 минута.

Петтиот Челзи има сега 56 бодови, два помалку со меч повеќе од четвртиот Тотенхем, додека Кристал Палас уште е во зоната на испаѓање од лигата, 18-ти е со 27 бодови, еден помалку од 17-ти Саутемптон

Претходно во саботата во најголемото дерби на англискиот фудбал на двете најтрофејни екипи, Манчестер Јунејтед на својот „Олд Трафорд“ го совлада Ливерпул со 2:1 (2:0), а двоен стрелец беше Маркус Рашфорд.

Головите коишто 20 годишниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ го постигна во интервал од десетина минути, паднаа на сличен начин. Во двата наврата Ромелу Лукаку ги доби дуелите со својот чувар и Дејан Ловрен, во 14 минута го надвиси во скокот и со глава ја проследи топката до Рашфорд кој му побегна на бекот на Луверпул, Алексадер-Арнолд ги измами со лажен шут и од седум метри откосо од левата страна го погоди спротивниот агол. Во 24 минута Лукаку го пронајде Хуан Мата во противничкиот шеснаесетник но на Шпанецот топката му беше избиена од нозете а сепак дојде до Рашфорд кој од слична позиција како и при првиот погодок ладнокрвно ја испрати топката зад грбот на голманот Кариус.

Во второто полувреме доминацијата на теренот беше на страната на Ливерпул што резултираше со намалување на водството на Јунајтед во 66 минута, но и овој гол го постигна домашен играч, несреќниот Ерик Бејли од кого топката се одби по нафрлувањето на Мане од левата страна и го измами Де Хеа.

Со победата Манчестер Јунајтед собра 65 бодови, пет повеќе од Ливерпул кој има 60 во борбата за второто место на табелата и осигурување на пласман следната сезона во Лигата на шампионите. Водечкиот Манчестер Сити има недостижна предност со 78 бодови и натпревар помалку. Четвртиот Тотенхем има 58 бодови.

Евертон оствари важна победа од 2:0 против Брајтон едн Хоув Албион. Домашните на „Гудисон Парк“ до победата дојдоа со автоголот на Бонго во 60 минута и на Тосун во 76 минута. Евертон има 37 бодови моментално е на 9-то место, додека Брајтон падна на 11-то со 34 бодови.

Во средбата меѓу директните конкуренти во борбата за опстанок во Премиер лигата, Њукасл Јунајтед на својот терен беше убедлив со 3:0 против Саутемптон кој имаше повеќе од играта но јалово напаѓаше. Двоен стрелец за „свраките“ беше Кенеди во 2 и 29 минута, а конечниот резултат во 57-та го постави Ричи. Њукасл сега е 13-ти со 32 бодови, а Саутемптон е 17-ти со 28 бодови.

Вест Хем Јунајтед продолжи со серијата лоши резултати и го забележа третиот последователен пораз со три гола разлика, а овој па пред домашните навивачи беше совладан со 0:3 од Барнли.

Овој пораз многу тешко го примија домашните навивачи кои неколкупати втрчуваа на теренот во второто полувреме и предизвикуваа прекини. Откако гостите го постигнаа и третиот гол, на сопствениците на клубот Дејвид Голд и Дејвид Саливен им беше советувано да ја напуштат почесната ложа поради безбедносни причини.

Барнли до победата во Лондон дојде со головите на Барнс во 66 и Вудс во 79 и 81 минута. Седмиот Барнли сега има 43 бодови и е седми на табелата, додека Вест Хем падна на 16-то место со 30 бодови, само три повеќе од клубовите кои се наоѓаат во зоната на испаѓање.

Хадерсфилд Таун и Свонси Сити одиграа без голови. Хадерсфилд е 15-ти со 31 бод, додека Свонси е место погоре со ист број бодови но со подобра гол-разлика.