
Песната „Lost and Found“, којашто ќе ја претставува Македонија годинешниот избор за најдобра песна на Евровизија во изведба на бендот Eye Que првпат беше промовирана во неделата во Дневикот на МТВ1.
Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно т.н. one shot спот.
Да го видиме конечниот музичкиот производ од Македонија кој ќе нè претставува оваа година во мај на Евросонгот 2018, којшто ќе се одржи во Лисабон.