Му влегле во двор па му го украле автомобилот

Скопјанецот Д.М.(60) останал без својот автомобил откако крадците му го украле од дворот на куќата, ноќеска во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

Според сопственикот, кражбата се случила во периодот од 19 часот вчера и 8 часот утрово. Крадецот влегол во дворот на куќата на улица Ибе Паликуќа, преку незаклучената порта. И автомобилот „фолксваген голф“ бил отворен со клучевите оставени во бравата, па крадецот го стартувал возилото  и заминал во непознат правец. Според Д.М. автомобилот чини околу  180.000 денари.

Од МВР информираат дека без автомобилот останал и С.Н.(44) од скопско Брњарци. Неговиот автомобил „опел астра“ бил украден вчера околу 19.30 часот во селото. И тој го оставил возилото со клуч во бравата па крадецот го искористил невниманието на сопственикот и го украл „опелот“.