
По денешниот состанок со клупското раководство досегашнот шеф на стручниот штаб на прилепска Победа, Славољуб Бубања, поради здравствени причини се повлече од функцијата, а клубот за негов наследник утре ќе го официјализира ангажманот на 53-годишниот српски стратег Слободан Крчмаревиќ.
„Се заблагодарувам на соработката на сите во клубот, на соработнците, на фудбалерите на беспрекорната соработка целиот изминат период и посебно на навивачите, од кои имав подршка како никаде каде сум работел досега. Жал ми е што не освоивме повеќе бодови(оваа пролет само 3 од 15 можни), но сигурен сум дека Победа од оваа ситуација ќе излезе уште посилна и дека ќе го обезбеди опстанокот во Првата лига. Тоа го посакувам од се срце на клубот, ќе ги следам неговите настапи а Победа секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Бубања.
Новиот тренер на прилепчани 53-годишниот Слободан Крчмаревиќ од 2006 година поседува УЕФА ПРО лиценца. Последен негов ангажман бил во клубот Ал-Рифа во Бахреин, а во неговата досегашна кариера како тренер работел во: Рудар Велење – Словенија, Докса – Кипар, Медина – Либија, Жетсу – Казахстан, селектор на У-21 репрезентацијата на Казахстан, Анортозис Фамагуста и Аполон Лимасол – Кипар со кој има Куп трофеј 2009/2010, селектор на У-21 репрезентацијата на Србија со која освоил 6-то место на Евршско првенство, ОФК Београд – Србија со кој играл во финале од нациоанлниот куп во 2006-та (пораз од Ц.Звезда 2-4 во продолжение) и 3-то и 5 место место во првенството со два пласмани во Куп на УЕФА) и во младите категории во Партизан и ОФК Београд.
Како играч Крчмаревиќ кариерата ја започнал во Партизан (шампион 1992/93 и куп трофеј 1991/92), настапувал и за ОФК Београд, а интернационална кариера градел во АИК Стокхолм(Шведска), Аполон Лимасол (шампион на Кипар 1993/94), и Анортозис Фамагуста(со кој двапати 1997/98 и 1998/99 е прогласуван за најдобар играч во кипарската лига) ПАОК и Паниониос(Грција).
ФК Победа изразува благодарниот на досегашниот тренер Бубања за негова професионална работа во клубот и му посакува успех во натамошната кариера.