Тетовец истепал скопјанка, па и ја грабнал ќерката

Тетовец истепал скопјанка, па на сила ја зел нејзината ќерка, вчера во Тетово, информираше МВР.

Според полицијата, скопјанката Ф.С.(39) со привремен престој во Тетово, околу 19.45 часот се јавила во ПС Тетово. Таа пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот кај неа дома дошол Д.К. (38) од Тетово и насилно ја земал нејзината ќерка Е.С. (18).

Таа се обидела да го спречи во намерата, но Д.К. ја удрил два пати  по главата,по што ја внел девојката во неговото возило и ја однел кај него дома. По преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово.

За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.