
Блиндираниот „мерцедес ГЛ 500 брабас“ што претседателот на Србија, Томислав Николиќ го добил на подарок од шеикот на Обединетите Арапски Емирати е целосно уништен во судир во автобус.
Српскиот телеграф Телеграф.рс објави ексклузивни фотографии од „слупаниот“ автомобил.
Несреќата се случила кога работник на автомобилскиот сервис „Мерцедес“ се судрил со автобус додека на автомобилот вреден милион евра му правел пробно возење.
Скапиот автомобил е целосно уништен, а истрагта за несреќата е одговорен возачот на автобусот.
Работникот на сервисот е повреден и префрлен на лекување.