
Kумановец Бобан Илиќ, наместо за убиство со умисла на четиригодишниот Алмир Алиу, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако ОЈО го прекфалифицираше делото. По денешното рочиште во Основен суд Куманово Илиќ беше ослободен од притвор.
Обвинителката во завршните зборови го прекфалификуваше делото, а како причина посочи дека кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле психијатриското и техничко-сообраќајното вештачење.
-Пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир, што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати при пто им бил оштетен автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош- рекла обвинителката.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година.