Финансиската полиција денеска со детали за случајот со Васе Доневски

Управата за финансиска полиција денеска ќе презентира детали за случајот со приведувањето на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

На прес-конференцијата најавено е присуство на директорот на Управата за финансиска полиција  Арафат Муареми.

Од Управата за финансиска полиција вчера за МИА изјавија дека покрај Доневски, со предистражната постапка се опфатени повеќе лица и оти се уште траат активностите на терен.

Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.