
Кливленд го доживеа шестиот пораз во последните десет натпревари откако загуби на гостувањето кај Портланд со 113:105, но од што ќе се памети од овој меч е монструозното забивање на Леброн Џејмс.
Леброн Џејмс имаше одличен натпревар, беше најдобар на теренот со 35 поени, 14 скокови и шест асистенции, но тоа не му помогна на неговиот тим да избегне нов пораз. Портланд постојано имаше водство и на крајот сосема заслужено победи.
Но, она што ќе се памети од овој натпревар е спектакуларното забивање на Леброн Џејмс, можеби неговото најмонструозно во кариерата.