Обвинители назадоволни од прекфалификацијата на делото за смртта на Алмир

Обвинителите од Јавното обвинителство на РМ, Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта преку соопштение го изразија своето незадоволство и несогласување со одлуката на ОЈО Куманово да се прекфалификува обвинеието против Бобан Илиќ за смртта на малиот Алмир Алиу.

На вчерашното рочиште во Основен суд Куманово обвинителката во завршните зборови го прекфалификуваше делото, а како причина посочи дека кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле психијатриското и техничко-сообраќајното вештачење.

Според обвинителката, видео снимката која била презентирана во јавноста веднаш по настанот не била целосна, односно не се гледало она што претходело на прегазувањето на Алмир и физичкиот напад врз обвинетиот и неговиот брат и девојка.

– Во врска со настанот познат во јавноста како „Случај на малиот Алмир“, ние јавните обвинители сакаме да ја информираме пошироката јавност дека со прекфалификација на кривичното дело убиство, предвидено во член 123 ст.2 т.3 од Кривичниот законик во кривично дело од областа на сообраќајот,предвидено во член 300 ст.2 во врска со член 297 ст.1 од Кривичниот закон, како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е сторена повреда на основните начела на Законот за јавно обвинителство. Тоа се начелото на законитост, непристрсност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот , кои воедно се основни и темелни вредности на Уставот на РМ- стои во соопштението потпишано од четворицата обвинители.

Тие потенцираат дека уште од почетокот, при реферирањето по овој случај во ЈОРМ имале ист став и се уште остануваат на него дека обвинителниот акт КО бр 697/2016 од 19.12.2016 кореспондира во целост со дејствијата на обвинетиот како што и бил првично обвинет за кривично дело убиство предвидено со член 123.

– Ваквиот наш стручен став е образложен и на одржаните колегиуми во ЈОРМ во врска со овој настан- велат обвинителите.