
Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, на изјавите од ЕК дека поради начинот на кој е донесен Законот за јазици, може да се доведе во прашање препораката зa Maкедонија за пристапни преговори во ЕУ, смета дека за тоа е одговорен претседателот на Собранието, Талат Џафери.
За процедурите околу носењето на законите е одговорен Претседателот на Собранието. Ние како парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, сме убедени, доколку ги исполниме реформските приоритети ќе ја добиеме безусловната препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Тоа е единствениот услов којшто треба да го исполниме за отпочнување на преговорите, одговори Шахпаска, на денешната прес конференција.