Семејство на Македонец убиено во Канада

Тинејџерите со македонско потекло, Рој (15) и неговата сестра Веналија (13) Пејчиновски биле убиени заедно со нивната мајка од нејзиниот љубоморен љубовник, во средата во градчето Ајакс близу Торонто,Канада, јавуваат тамошните медиуми.

Мајката Красимира (39) била Бугарка која пред повеќе години се разделила од сопругот Македонец, чиј идентитет не е познат. За убиството е осомничен Кори Фен, деликвент со досие.

Убиството се случило во домот на Пејчиновски каде во средата дошол Фен, револтиран од најавата на Красимира дека ќе ја раскинат врската. Како Фен ги убил жртвите не е познато, на најверојатно настрадале од удари со тврд предмет, бидејќи на телата имало траги од насилство.

Рој Пејчиновски бил ѕвезда на хокеарскиот тим и учел во приватно училиште каде исто играл хокеј.

Убиецот бил два пати условно осуден за кривични дела, меу кои и напад врз полицаец. Тој редовно одел да вежба во теретана па се претпоставува дека билпод дејство на дрога кога ги убил мајката и нејзините деца.