Дебата без ќеф – Кога Пендаровски ќе стивне

Пен­да­ров­ски од збор до збор го ка­жу­ва­ше го­во­рот под­го­твен за ми­тин­зи. Струч­ња­ци­те бли­ски до СДСМ му нај­доа оправ­ду­ва­ње – во таа де­ба­та тој бил ста­вен во втор план. Но, Пен­да­ров­ски за кра­тко вре­ме ус­пеа да ги де­ман­ти­ра тие што се ста­ви­ја во не­го­ва од­бра­на и по­со­чу­ваа де­ка Пен­да­ров­ски не по­бе­дил, ама Ива­нов за­гу­бил, анализира неделникот „Република“, пренесува Нетпрес.

Се ба­ра­ше де­ба­та и се слу­чи. Ба­рем та­ка ве­лат. Пре­тсе­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти за прет­стој­ни­те из­бо­ри, Ѓор­ге Ива­нов од ВМРО-ДПМНЕ и ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“, Сте­во Пен­да­ров­ски од СДСМ, Ил­јаз Ха­ли­ми од ДПА и Зо­ран По­пов­ски од ГРОМ, ед­на не­де­ла пред пр­ви­от круг од из­бо­ри­те сед­наа на за­ед­нич­ка ма­са за да ги со­о­чат сво­и­те гле­ди­шта и ста­во­ви за по­ве­ќе пра­ша­ња по­вр­за­ни со еко­ном­ски­от, по­ли­тич­ки­от и оп­шти­от раз­вој на др­жа­ва­та. Но, сѐ има­ше, са­мо со­о­чу­ва­ње не. Кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел под­др­жан од СДСМ, Сте­во Пен­да­ров­ски, бе­ше еден од најг­лас­ни­те за де­ба­та. Об­ви­ну­ва­ше де­ка кан­ди­да­тот пред­ло­жен од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓор­ге Ива­нов, бе­га од де­ба­та. Са­ка­ше де­ба­та со си­те че­тво­ри­ца кан­ди­да­ти, но не­ка­ко се за­гу­би во неа. Не ба­ра­ше реп­ли­ки, не де­ба­ти­ра­ше, а ток­му тоа се ба­ра­ше од не­го, со ог­лед де­ка Ива­нов е тој што оди во тр­ка по втор ман­дат. Пен­да­ров­ски не ги кри­ти­ку­ва­ше по­зи­ци­и­те на Ива­нов, не ба­ра­ше реп­ли­ка за до­се­га сра­бо­те­но… Де­ба­та­та за­вр­ши со без реп­ли­ка на Пен­да­ров­ски и со две кон­тра­реп­ли­ки. Во сво­е­то из­ла­га­ње об­ви­ни де­ка Ива­нов не­мал со­вет­ник за без­бед­ност. Впро­чем, Ива­нов е еден од ре­тки­те што не го по­ка­ни­ле да ги со­ве­ту­ва за без­бед­ност. Об­ви­ни де­ка мо­же­би има не­кој за ка­фе-му­а­бет, но не и офи­ци­ја­лен со­вет­ник за без­бед­ност об­ја­вен на веб-сај­тот на Ива­нов. Ива­нов воз­вра­ти де­ка не е точ­но оти не­ма ко­ор­ди­на­ци­ја, де­ка се ра­бо­ти за го­лем дел кла­си­фи­ци­ра­ни ин­фор­ма­ции, а со­вет­ни­кот не­ма по­тре­ба да би­де поз­нат во јав­но­ста, бит­но е де­ка е вос­по­ста­ве­на ко­му­ни­ка­ци­ја со си­те ин­сти­ту­ции со кои прет­ход­но не­ма­ло ко­му­ни­ка­ци­ја. Ту­ка Пен­да­ров­ски има­ше кон­тра­реп­ли­ка пра­шу­вај­ќи зо­што е тај­на тоа име.

Се оче­ку­ва­ше кан­ди­да­ти­те да по­ен­ти­ра­ат. Се­ка­ко, најм­но­гу се оче­ку­ва­ше од Пен­да­ров­ски, најг­лас­ни­от во ба­ра­ње­то по­ли­тич­ка де­ба­та. Но, тој најм­но­гу раз­о­ча­ра. Се оче­ку­ва­ше да го кажат тоа што го не­ма­ат ка­жа­но во те­кот на из­бор­на­та кам­па­ња, да ја истак­нат клуч­на по­ен­та во нив­но­то обра­ќа­ње што ќе им ја до­не­се по­бе­да­та. Но, Пен­да­ров­ски од збор до збор го ка­жу­ва­ше го­во­рот под­го­твен за ми­тин­зи. Стручњаците бли­ски до СДСМ му нај­доа оправ­ду­ва­ње – во таа де­ба­та тој бил ста­вен во втор план. Но, Пен­да­ров­ски за кра­тко вре­ме ус­пеа да ги де­ман­ти­ра тие што се ста­ви­ја во не­го­ва од­бра­на и по­со­чу­ваа де­ка Пен­да­ров­ски не по­бе­дил, ама Ива­нов за­гу­бил.

Ова за екс­пер­ти­те и за ана­ли­ти­ча­ри­те е по­ка­жу­ва­ње нер­во­за по­ра­ди не­и­ско­ри­сте­на­та шан­са. На­ме­сто да по­ен­ти­ра на де­ба­та­та и да се со­о­чи со Ива­нов за нив­ни­те раз­лич­ни ста­во­ви за не­кои клуч­ни ра­бо­ти, Пен­да­ров­ски мол­че­ше пред Ива­нов. А, во по­е­ди­неч­но ин­терв­ју збо­ру­ва­ше што не чи­ни во про­гра­ма­та на про­ти­вкан­ди­да­тот. Зо­што не со­бра хра­брост да вле­зе во ду­ел, па фа­кти­те да по­ка­жат чиј став е по­до­бар за на­ро­дот и за др­жа­ва­та.

– Де­ба­та­та за­вр­ши со пред­ност на Ива­нов и со те­жок де­бакл на Пен­да­ров­ски би­деј­ќи со­вет­ни­кот Пен­да­ров­ски, бу­квал­но, се за­мрз­на пред ви­стин­ски­от пре­тсе­да­тел Ива­нов. Мис­лам де­ка СДСМ не мо­же да нај­де до­вол­но го­лем смо­квин лист што ќе го по­крие фа­ктот де­ка Пен­да­ров­ски на де­ба­та­та дој­де со огром­на до­за аро­ган­ци­ја мис­леј­ќи де­ка за да по­бе­ди, до­вол­но му е са­мо да се по­ја­ви.Дој­де не­под­го­твен и се по­ка­жа де­ка е уп­ла­шен в ли­це да му го ка­же на Ива­нов тоа што го збо­ру­ва на дру­ги де­ба­ти. Тоа не се ква­ли­те­ти на не­кој што се кан­ди­ди­ра за пре­тсе­да­тел на Р.Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Иви­ца Бо­цев­ски, кој сме­та де­ка Пен­да­ров­ски тре­ба да ја на­пу­шти аро­ган­ци­ја­та и на на­ред­на­та де­ба­та да се прет­ста­ви во по­до­бро свет­ло.

Ба­ра­ше де­ба­та, но од неа из­ле­зе со на­вед­на­та гла­ва.

– Пен­да­ров­ски, до­пол­ни­тел­но,на­ме­сто да ги пре­зен­ти­ра сво­и­те ста­во­ви и мис­ле­ња по по­ста­ве­ни­те пра­ша­ња, го бра­не­ше сво­јот по­ра­не­шен шеф Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Не ус­пеа да ги над­ми­не пар­ти­ски­те рам­ки. На­ме­сто да по­ен­ти­ра­ат, тие ги по­вто­ру­ва­ат го­во­ри­те од пар­ти­ски­те ми­тин­зи – ве­ли про­фе­сор­ка­та Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва.

Ива­нов кон­кре­тен, Пен­да­ров­ски кон­фу­зен

Ед­но од пра­ша­ња­та за кои раз­го­ва­раа пре­тсе­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти бе­ше проб­ле­мот со Гр­ци­ја за име­то, кој ги по­пре­чу­ва евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции на Ма­ке­до­ни­ја.

Ѓор­ге Ива­нов уште ед­наш по­ка­жа цвр­сти по­зи­ции за име­то истак­ну­вај­ќи де­ка за име не се пре­го­ва­ра, а над­ми­ну­ва­ње­то на раз­ли­ки­те и ре­ше­ни­е­то тре­ба да се ба­ра­ат во ре­зо­лу­ци­и­те на ОН, При­вре­ме­на­та спо­год­ба и пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг.

– Тоа е прав­на рам­ка и во неа мо­же да се нај­де ре­ше­ние. Тоа не мо­же да за­ди­ра во на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет, на­ша­та по­себ­ност, на­ши­от ја­зик, на­ши­от мо­дел на со­жи­вот. И од тој ас­пект, во мо­ја­та про­гра­ма пи­шу­ва де­ка не­ма да при­фа­там про­ме­на на Уста­вот за да се про­ме­ни устав­но­то име на др­жа­ва­та, а ре­ше­ние ќе се ба­ра, и тоа ка­ко ре­зул­тат на на­ши­те при­ја­те­ли на кои и им ја ме­ну­ва­ме пер­цеп­ци­ја­та за ова пра­ша­ње. Соз­да­ден е пра­зен те­рен, ка­де што Гр­ци­те осво­ју­ва­ле. Ние ус­пе­ав­ме 18 зем­ји-член­ки на ЕУ да за­ста­нат зад нас и де­ка име­то не е преч­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри­те – ре­че Ива­нов.

Нас­про­ти не­го, Пен­да­ров­ски да­де кон­фу­зен и не­ја­сен од­го­вор по­со­чу­вај­ќи де­ка име­то е нај­го­ле­ми­от проб­лем на др­жа­ва­та и не мо­же да би­де ре­шен од ни­ту еден чо­век, ни­ту ед­на вла­да или пар­ти­ја.

– Гр­ци­ја го има тој став со го­ди­ни иа­ко грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри се поз­на­ти по тоа што не се под­не­су­ва­ат мно­гу ме­ѓу­се­бе и по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог ме­ѓу нив не е на не­кое ви­со­ко ни­во, но тие го на­пра­ви­ја тоа ка­ко др­жав­на по­зи­ци­ја. Ние сме ту­ка хен­ди­ке­пи­ра­ни во старт би­деј­ќи не­ма­ме по­зи­ци­ја на др­жа­ва­та. Сѐ до­де­ка не на­пра­ви­ме по­зи­ци­ја на др­жа­ва­та ов­де во Скоп­је, не тре­ба во­оп­што да оди­ме на ка­кви би­ло пре­го­во­ри – ре­че тој.

Ха­ли­ми истак­на де­ка тоа е пра­ша­ње кое тре­ба ит­но да се ре­ши со по­а­ктив­на дип­ло­ма­ти­ја и по­ве­ќе ини­ци­ја­ти­ви. Сме­та де­ка тре­ба да се дој­де до ре­ше­ние кое не до­пи­ра во иден­ти­те­тот на на­ци­о­нал­но­сти­те и ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци. За Зо­ран По­пов­ски, пак, цр­ве­ни­те ли­нии се ве­ќе за­цр­та­ни во јав­но­ста, а тоа е не­от­ста­пу­ва­ње од устав­но­то име на др­жа­ва­та и од иден­ти­те­тот на неј­зи­ни­те гра­ѓа­ни. Но, ве­ли, тре­ба да се ре­а­кту­а­ли­зи­ра двој­на­та фор­му­ла ка­ко мож­ност за до­го­вор.

Ива­нов сме­та де­ка до­се­га не сме има­ле по­до­бри од­но­си со со­се­ди­те, а тоа се гле­да во еко­ном­ска­та раз­ме­на, ин­фра­стру­ктур­ни­те по­вр­зу­ва­ња и за­ед­нич­ки­те ре­ги­о­нал­ни про­е­кти и ини­ци­ја­ти­ви. Пен­да­ров­ски, пак, сме­та де­ка ре­ги­о­нот ис­чез­нал од ма­па­та на ма­ке­дон­ска­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка и де­ка ка­ко ма­ла др­жа­ва со огра­ни­че­ни ре­сур­си тре­ба да се дви­жи во овој ре­ги­он, а не да се за­ни­ма­ва со зем­ји од БРИКС. По­пов­ски сме­та де­ка од­но­си­те со со­се­ди­те тре­ба да се уна­пре­ду­ва­ат со ста­ва­ње ак­цент на ид­ни­на­та, а не на ми­на­то­то.

Во од­нос на тоа ка­ко ја гле­да­ат др­жа­ва­та по пет го­ди­ни, Ива­нов истак­на де­ка ја гле­да Ма­ке­до­ни­ја ка­ко еко­ном­ски ус­пеш­на и прос­пе­ри­тет­на европ­ска др­жа­ва-член­ка на НА­ТО ко­ја дла­бо­ко е нав­ле­зе­на во пре­го­во­ри­те за членс­тво со ЕУ. Ка­ко др­жа­ва ко­ја ќе ги за­вр­ши си­те поз­на­чај­ни ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти, ка­ко ко­ри­до­ри­те 8 и 10, га­си­фи­ка­ци­ја­та, из­град­ба­та на пру­га­та кон Бу­га­ри­ја, на авто­па­ти­шта­та, за­што, ка­ко што ве­ли, уло­га­та на пре­тсе­да­те­лот е да обез­бе­ди под­др­шка за про­е­кти кои ќе при­до­не­сат за по­го­лем прос­пе­ри­тет за си­те гра­ѓа­ни. Пен­да­ров­ски, пак, ја гле­да Ма­ке­до­ни­ја по­и­на­ква од де­нес во клуч­ни­те сег­мен­ти за­тоа што во ви­тал­ни­те се­кто­ри зем­ја­та за­о­ста­ну­ва од тоа што би­ла во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, па и пред 7-8 го­ди­ни.

Ива­нов има­ше реп­ли­ка во од­нос на ста­вот на Пен­да­ров­ски за еко­ном­ски­от прос­пе­ри­тет по­со­чу­вај­ќи де­ка, ве­ро­јат­но, Пен­да­ров­ски не се раз­би­ра во број­ки. Пен­да­ров­ски со кон­тра­реп­ли­ка твр­де­ше де­ка де­нес по­мал­ку лу­ѓе жи­ве­ат од зем­јо­делс­тво за раз­ли­ка од по­ра­но.

Целиот текст прочитајте го во најновиот број на неделникот Република, кој излезе денеска…