
Руските научници анализирале примероци на ткиво од еден од најпознатите мистериозни суштества – мумијата со издолжен череп и три прста која е откриена минатата година во Перу, во гробница во близина на Наска линиите.
Професорот на Националниот истражувачки Универзитетот во Санкт Петерсбург, Константин Коротков и Наталија Залознаја, радиолог и специјалист за компјутерска томографија на Меѓународниот институт за биолошки системи собрале примероци од ткивото на мумијата и го донеле во Русија за анализа.
Прелиминарната анализа открила дека мумијата, наречена Марија е хуманоидно суштество со 23 пара хромозоми, но нема човечка анатомија. Оваа мумија датира од 5 век од н.е., цел милениум пред Европејците да ја откријат Америка.
Коротков верува дека Марија претставува одредена раса која еволуирала многу порано од нас, можеби илјадници години претходно. Тој шпекулира дека оваа раса можеби исчезнала поради поплави или удари на комета. Научниот тим сега сака да дознае како составот на Марија одговара на тој на луѓето во Јужна Америка, Африка или од друго место.
-Во моментов работиме на детална анализа за да се види дали положбата на сите хромозоми и амино киселина одговара на нашата – рече Коротков.
Коротков вели дека ребрата на Марија се обликувани поинаку отколку кај луѓето. Рентгенот и компјутеризирана томографија покажале дека Марија има граден кош во вид кобилица со повеќе полукружни ребра да ги штити внатрешните органи на суштеството кое, сепак, делува како човек.
– Исто така, Марија има помалку пршлени, поголеми очи, нема уши и има помал нос – рече Коротков.
Залознаја истакна дека внатрешните органи се видливи.
-Јасно се гледаат контурите на душникот и бронхиите, срцето и неговите комори, па дури и се гледа во форма на залистоци. Видливи се и контурите на дијафрагмата, црниот дроб и слезината – рече Залознаја.
Во близина на Марија, научниците пронашле помала мумија која ја нарекле детето на Марија и му го дале име Вавита. Коротков вели дека Марија и Вавита се поразлични од малите мумии пронајдени за време на ископувањето. Освен Марија и Вавита, професорот Коротков во Перу видел уште четири мумии, сите мажи чија ДНК има 23 пара хромозоми, како кај луѓето.
Тие изгледаат како луѓе, но тоа не се. Нивната анатомска структура е поинаква – заклучи Коротков.
Научниците откриле дека Марија била балсамирана со кадмиум хлорид, чиј антибактериски ефект ја зачувал мумијата до ден-денес.
Во соработка со колеги од Перу, руските истражувачи продолжуваат да работат на декодирање на геномот. Тие се надеваат дека еден ден ќе ги убедат властите да ја пренесат мумијата во Русија, пренесува „Раша Тудеј“.