Жбогар: Законот за јазиците ќе ја врати земјата на реформска агенда

Донесувањето на Законот за јазици ќе ги подобри односите меѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Според него, ЕУ е оптимист во спроведувањето на законот и очекува тој да биде испратен до Венецијанската комисија.

Тој на прес конференцијата по посетата на Гостивар порача и дека законот е важен за Албанците кои на него гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор.

Жбогар смета дека со донесувањето на законот, Албанците се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја.

Во однос на спорот за името, тој наведе дека преговорите со Грција одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажира директно врз процесот.