Иако за противник во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, го добија најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид, претставникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, легендарниот репрезентативец на Германија, Пол Брајтнер, по ждрепката даде дури и преоптимистичка изјава дека баварскиот гигант ќе биде првиот клуб кој ќе ја одбрани титулата во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
“Сега е премногу “жешко” за да зборам на оваа тема, да зборам за двата натпревара против Реал Мадрид. Баерн Минхен е во една добра ситуација, Баерн Минхен е на добар пат да го повтори тоа што го направи минатата сезона. Можна е реприза, можно е повторно да славиме во сите натпреварувања. Јас сум убеден дека Баерн Минехн ќе биде првиот клуб кој ќе ја одбрани шампионската титула во Лигата на шампиони. Делуваме многу моќно, силно, играме уште подобро под водство на Пеп Гвардила. Среќни сме што го добивме Реал Мадрид за противник”, изјави Брајтнер.
„Бенфика е тежок противник, но немаше лесни меѓу четирите најдобри. Наша цел е да ја освоиме Лигата на Европа, па затоа повеќе или помалку сеедно ни беше кого ќе го имаме за противник во полуфиналето“, изјави по ждрепката спортскиот диерктор на Јувентус, Павел Недвед.
Првите натпревари се играат на 24 април, а реванш дуелите се закажани за 1 мај.