Ќулафкова: МАНУ индиферентен кон Законот за јазиците

Академик Катица Ќулавкова денеска предложи МАНУ на посебна седница да изгради став за новиот Закон за употреба на јазиците и со него потоа да оди пред јавноста, во функција на давање стручен и научен совет за едно суштествено прашање како што е јазикот, интегритетот и унитарноста на државата.
Според неа, за законското решение во 2008 собранието на МАНУ изградило став, кој никогаш до денеска не бил соопштен и затоа последниот период била принудена сама да реагира против акт со кој се загрозува македонскиот јазик и над европскиот просек се дозволува унапредување на друг , на малцински јазик.

– Покажана е една висока индифирентност, рамнодушност спрема едно клучно прашање за кое и МАНУ на времето е основано и за кое Република Македонија како држава е основана, а тоа е функцијата на македонскиот јазик и на македонската нација. Сметам, врз основа на компаратаивни анализи, дека новиот закон го ревидира статусот на македонскиот јазик предвиден со Уставот и го доведува во прашање и предизвикува ситуцаии во кои ќе биде загрозено и правото и должноста на секој македонски граѓанин, независно од етничкото потекло, да го употребува македонскиот јазик- изјави Ќулафкова.