
Крадци украле 30 килограми бакар од трансформатор во тетовското село Вратница, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата била извршена во периодот од 11 часот во понеделникот до 5 часот вчера.
Непознати лица од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ украле бакарни елементи со тежина од 30 килограми како и бакарен електро проводник.
Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале сторителите на кражбата се проценува на 8.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.