Скопјанка касната од куче

Скопјанка била касната од куче-скитник вчера во центар на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, О.Д.(33) пријавила дека истиот ден околу 9 часот на мостот „Гоце Делчев“ била касната од куче скитник за левата нога.
На О.Д. и била укажана лекарска помош на Инфективна клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР информираат дека и неготинецот М.Ѓ.(47) бил каснат од куче скитник додека се движел по улица „Гоце Делчев“ во Неготино.