
Околу 60.000 поддржувачи на кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, го ставија својот потпис на петицијата за неговата кандидатура.
Иницијативата за петицијата е дадена пред неколку дена, и е идеја на група интелектуалци и јавни личности.
Потпис за поддршка ставиле професори, академици, лекари, спортисти, пејачи, а зад Иванов застана и рускиот бизнисмен и сопственик на ракометниот и фудбалскиот клуб „Вардар“, Сергеј Симсоненко.