Туск одби да му ја честита изборната победа на Путин

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во средбата одлучи на одбие да му честита на рускиот претседател Владимир Путин на повторниот избор за шеф на државата, во атмосферата на нови тензии со Москва коишто ги покрена Велика Британија поради наводното руско труење со нервен агенс на поренешн двоен руско-британски шпион.

„По нападот во Солсбери не сум расположен да му честитам на Путин на повторниот избор“, изјави Доналд Туск на прес-конференција во Брисел.

Ден претходно, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер испрати честитка за рускиот претседател. Оваа негова одлука наиде на жестоки британски критики, бидејќи не ги споменува тензиите предизвикани со труење на поранешниот шпион во Велика Британија. Москва, пак, ги одбива овие обвинувања и вели дека се производ на Лондон за да ги прикрие од јавноста тешкотиите кои се јавуваат во напуштањето на Европската унија.

„Тоа писмо на Жан-Клод Јункер е срамно. Да му се честита на Владимир Путин на изборната победа без потсетување на јасните измами со гласачките ливчиња е лошо. Но ме ужаснува фактот што тој не ја спомена одговорноста на Русија за нападот со воен нервен агенс на недолжните луѓе околу нас“, реагираше ви вторникот британскиот европратеник Ешли Фокс, шеф на британските конзервативци во Европскиот парламент.

Тој е европратеник за округот југозападна Англија каде што се наоѓа Солсбери, гратчето каде што на 4-ти март е пронајден наводно затруен поранешниот воен руски разузнавач врбуван за британската служба MI6 Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои се во тешка состојба во болница.

Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, претседател на Сојузот на либералите и демократите за Европа (АLDE), исто така, беше остар.

„Не е време за честитање. Секогаш ќе ни биде потребен дијалог со Русија, но поблиските врски треба да бидат остварени со почитување на меѓународниот ред на основа на основните правила и вредности“, напиша на Twitter Верхофштад.

Афера Солсбери, како што ја нарекоа медиумите, ќе биде една од главните теми на разговорите на шефовите на држави и влади на првиот ден од самитот во четвртокот во Брисел. Меѓутоа, реакцијата на Москва прави поделба меѓу државите членки. Некои се убедени во нејзината одговорност во нападот, но многу одбиваат да го обвинат Кремљ и да ги затрујат односите меѓу ЕУ и Русија.