Цукерберг: Некој се обидува да ги попречи изборите за Сенатот

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјавил дека е сигурен оти „некој се обидува да ги попречи“ изборите за Претставничкиот дом на Конгресот на САД и Сенатот, закажани за ноември годинава, пресенува CNN.

-Сигурен сум дека некој се обидува. Сигурен сум дека ова е друга верзија на она што Русите го правеа за изборите во 2016 година, што и да било тоа. Сигурен сум дека работат на тоа- рекол Цукерберг во интервју за CNN.

Сопственикот на Фејсбук рекол оти годинава компанијата ќе го зголеми бројот на 20.000 луѓе задолжени за безбедноста на податоците. Тој нагласил дека е спремен да сведочи во врска со нелегалното собирање на податоци од Фејсбук и аферата со „Кембриџ Аналитика“ пред американскиот конгрес, “доколку тоа е исправна работа“.