
Поранешниот командант на војската на босанските Сри, Ратко Младиќ, во четвртокот вложил жалба на пресудата со којашто е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторство против човечноста и воени злосторства, која му ја одреди ланскиот ноември кривичниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија.
Адвокатите на Ратко Младиќ, побарале од апелациониот суд да ги поништи сите погрешни пресуди и да го ослободи од вината нивниот клиент, додека обвинителството барало Малдиќ дури да биде прогласен за виновен и за второто обвинение за геноцид.
Младиќ е прогласен за виновен по 10 точки од обвинението, а ослобдоен е по една точка, која се однесува на геноцид во шест општини во Босна и Херцеговина,
Судскиот совет утврдил дека Ратко Младиќ не е виновен по точката 1: геноид во шест општини, но дека е виновен како учесник во разни з,лосторнички пофати.
Виновен е за точката 2 – геноцид, точката 3 – прогон и злосторство против човечноста, точката 4 – истребување, злосторство против човечноста, точката 5- убиство, злосторство против човечноста, точката 6 – убиство, кршење на законите и обичаите на војување, точката 7 – депортирање, злосторство против човечноста, точката 8 – нехумано и принудно раселувње, точката 9 – тероризирање и кршање на законите и обичаите на војување, точката 10- противправен напад врз цивили и точката 11- земање заложници, кршење на законите и обичаите на војување.
Констатирано е дека доказите не одат во прилог на заклучокот дека кривичното дело геноцид било дел од целта на сеопфатен здружен злосторнички потфат.
Сусдењето на Ратко Младиќ започна на 16-ти мај 2012 година, а заврши на 15-ти декември 2016 година.