Мијалков и Бошкоски треба да се соочат во судница

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е закажано судење за случајот „Тортура“ во кој се обвинети  поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина  „алфи“ . Тие се товарат за тортура врз Љубе Бошкоски при неговото апсење во случајот „Кампања“.

На минатото рочиште во Основниот суд Скопје 1 присутни беа шестмината полицајци, но судењето тогаш се одложи бидејќи судиите од Основниот суд Скопје 1 ја чекаа одлуката од Апелацискиот суд кој постапуваше по жалба и требаше да донесе одлука дали ќе прифати и на Мијалков да му се суди во оваа постапка.

Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.