![29594645_1653831531320041_4875565621406126314_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/29594645_1653831531320041_4875565621406126314_n.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека обвинението против него од СЈО во врска со прекинот на пописот во 2011 година е на погрешна адреса, бидејќи одлуката ја донело Собранието.
– Тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, а јас сум погрешна адреса – рече Ахмети.
СЈО во случајот „Попис“ ги сомничи поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот тогашен коалициски партнер Али Ахмети дека ја злоупотребиле својата службен положба и како претседатели на партии и коалициски партнери се согласиле да се прекине пописот на населението во 2011 година.
Според СЈО; тие ја искористиле својата положба и за да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението и да сокријат дека немаат капацитет да го спроведат процесот, па го прекинале пописот, а како причини навеле технички проблеми и некадарност на пописната комисија и на Заводот за статистика.
Со тоа, како што тврди СЈО, тие го оштетиле буџетот за 175.123.909 денари или околу три милиони евра.