
Домаќинот на наредното светско првенство во фудбал, Русија денеска беше прегазена од репрезенацијата на Бразил со 3:0 на пријателскиот натпревар одигран во Москва.
Прашањето на победникот Бразилците го решија во второто полувреме. Мрежата на Русите прв ја начна Миранда во 53 минута, а девет минути подоцна на 2:0 од пенал зголеми Кутињо. Конечниот резултат го постави Паулињо во 66 минута.
Вечерва во цела Европа се одиграа голем број на пријателски натпревари. Вистинска посластица за фановите беше натпреварот меѓу Германија и Шпанија. Резултатот беше 1:1, но двете репрезенации имаа многу шанси па мечот можеше да заврши со шест или седум голови. Сепак најправеден резултат е ремито. Стрелци беа Родриго во шестата, а Томас Милер во 35 минута за „Панцирите“.
Агентина со убедлива игра ја победи Италија со 2:0 со фуриозна игра и тоа без Лео Меси. Кристијано Роналдо и донесе победа на Португалија против Египет со 2:1 во судското продолжение кога постигна два погодоци. Франција беше пред победа, но во загуби од Колумбија со 2:3. Ангија ја победи Холандија со 1:0, а Мароко со 2:1 беше подобар од Србија.
Победа оствари и Нигерија против Полска во контроверзен гол постигнат од белата точка.