Ибрахимовиќ не игра за пари, туку за публиката

Златан Ибрахимовиќ за 1,2 милиони ева годишно ќе игра за „ЛА Галакси“, најмал износ кој го заработувал во својата кариера од како го напушти „Ајакс“ во 2004 година. Како што е познато, Швеѓанецот минатата недела го раскина договорот со „Манчестер јунајтед“ и во наредниве 18 месеци ќе игра во МЛС во САД.

Ибрахимовиќ во редовите на „Ајакс“ годипно заработувал 400.000 ерва, за да преминувањето во Јувентус му донесе 1.500.000 евра. Секој нареден трансфер му беше се побогат, па така „Интер“ годипно му давал 10, „Барселона“ 12 и во ПСЖ 15 милиони евра.

Клубот од Калифорнија има лимитиран буџет преку кој не може да помине, па Ибрахимовиќ ќе заработува далеку помалку отколку во Европа.

– Сакав луѓето да уживаат во мојата игра и во победите. Го одбрав „Галакси“ за да им понудам таква шанса- рекол Ибрахимовиќ за „Спортс илустрејтед“.

Швеѓанецот најави дека е можно да заигра и на мундијалот во Русија во јуни, бидејќи, како што рече„ дали ѓе игра на Светското првенство одлучува само тој“.