
Советот за одбрана на Хрватска на Владата ќе и препорача да склучи договор со Израел за купување на 12 половни борбени авиони Ф-16 Барак, пренсеува „Јутарњи лист“. На утрешната седница на советот ќе бидат презентирани сите четири понуди на авиони кои ќе треба да ги заменат хрватските МИГ-ови.
Свои понуди освен Израел доставиле и САД, Грција и Шведска, па советниците ќе донесат препорака која не е обврзувачка за Владата, но според „Јутарњи“, преовладува мислењето дека изрелската понуда е најпогодна за Хрватска.
Израел за околу 500 милиони евра нуди 12 модернизирани авиони Ф-15 со целосно вооружување, два симулатори, борбена обука на пилотите како и гаранција на Израел дека стои зад целата работа.
Како најголем конкурент на Ираел се сметаше понудата на шведската компанија СААБ со нови авиони ЈАС 39 Грипен. Цената на авионите е 700 милиони евра, но доаќаат без вооружување, што е минус за Швеѓаните. Друг минус е и тоа што официјално Шведска како држава не застана зад понудата на СААБ.