
Еден од најстарите производители на оружје во САД, компанијата „Ремингтон“ вчера поднела барање за стечај, јавува „Њу Јорк тајмс“. Од компанијата сооштиле дека должат меѓу 100 и 500 милиони долари, но дека ќе продолжат да работат под заштита од банкрот.
Компанијата е основана во Њу Јорк во 1816 година, а седиштето на компанијата денес е во ёмедисон, во Северна Каролина. „Ремингтон“ во 2007 година ја купи фирмата „Серебус капитал менаџмент“ за 118 милиони долари, со што компанијата стана дел од конгломератот „Фридом груп“.
Работењето на компанијата во почетокот се зголемило, но по нападот врз основното училиште Сенди Хук во Њутаун и бесот на јавноста насочен кон „Ремингтон“ доведе до повлекување на инвеститорот. Компанијата во тој период почна значително да позајмува пару, но заканите за зголемена контрола врз наоружувањето ја зголеми продажбата на „Ремингтон“ за 36 отсто.
Меќутоа, од почетокот на мандатот на Доналд Трамп продажбата е намалена за 27, 5 отсто.