Франција го спушти буџетскиот дефицит под највисокот дозволено ниво во ЕУ

Франција минатата 2017 година забележала буџетски дефицит од 2,6 отсто покажуваа официјалните податоци објавени во неделата, што значи дека по десет години конечно се спуштил под највисокот дозволено ниво во Европската унија од 3 отсто од Бруто домашниот производ.

Минатогодишниот дефицит е помал отколку што планираа во владата, зацртувајќи го нивото од 2,9 отсто. Во однос на 2016 година е помал за 0,8-процентни поени, покажува извештајот на државниот завод за статистика INSEE.

Најновите процени за минатогодишниот дефицит воедно значи дека Франција повторно во рамките на пропишани во ЕУ кои го одредуваат плафонот од 3 отсто од БДП-то. Втората економија од еврозоната го пробиваше овој плафон од ерупцијата на глобалната финансиска криза 2007 година.

„Ги исполнивме нашите обврски“, рече во разговорот за радио France Info, министерот за финансии Бруно Ле Мер, изразувајќи задоволство од „добрата вест“.

Париз веќе подолг период е под притисок да вложи повеќе напори во намалувањето на дефицитот и долгот кој и натаму спаѓаат во највисоките во еврозоната.

Франција и Шпанија се единствените членки на еврозоната кои се се’ уште во процедурата предвидена за слуачите на „прекумерен дефицит“. За да излезат од неа, мора две години по рад да бележат дефицит под нивото од 3,0 од БДП-то, толкува агенцијата AFP.

За оваа година владата на претседателот Емануел Макрон прогнозираше дефицит 2,9 отсто од БДП-то.

Од статистичкото биро протоа предупредуваат дека помалиот дефицит од 2017 година не значи и намалување на нивото на јавниот долг, имајќи предвид дека владата се уште повеќе се задолжува отоколку што го враќа долгот предупредуваат од INSEE.

На крајот минатата година јавниот долг изнесуваше 2,2 милијарди евра, односно 97 отсто од БДП-то. Според прописите на ЕУ не би смеел да пречекорува 60 отсто од БДП-то.

Државниот завод за статистиката објави денеска, исто така, дека француската економија во 2017 година пораснала за 2,0 отст, најсилно во последните шест години. Особено силен раст е забележан во четвртиот квартал, за 0,7 отсто во однос на претходниот квартал. Според податоците на INSEE, активностите забрзале благодарејќи на вложувањата додека куповната моќ на граѓаните ослабела.