
Косовската полиција попладнево со специјалци го уапси српскиот функционер, директор на Канцеларија за Косово и Метохија во Влада на Република Србија, Марко Ѓуриќ.
Косовските медиуми пренесуваат дека и покрај тоа што имал забрана за влез во Косово, Ѓуриќ пристигнал во северниот дел на Митровица.
Сега тој е пренсен во полициската станица во Приштина, а состојбата е тензична, бидејки има протести на срспкото население, a според најновите информации имало и пукање.
– Тие дојдоа со целосно наоружување, спремно за војување. Не биле претепани само новинари. Сите оние кои беа присутни во салата – рече во живо новинарката на ТВ Мост Соња Милојевиќ за радио програмата на Спутник.