
Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ синоќа беше депортиран во Србија.
Вонредна седница одржа српскиот совет за национална безбедност, а веднаш потоа српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека Приштина презела брутален чин и тежок криминален акт со апсењето на Ѓуриќ.
Според него сите оние кои учествувале во киднапирањето на Ѓуриќ, меѓу кои има и Срби, ќе одговараат пред српските судови. Косовскиот претседател Хашим Тачи посочи дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата при апсењето на Ѓуриќ.
Тачи ги повика жителите на Косово на смиреност и рече дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово и дека овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија.