1.8 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

По апсењето во Косово, Ѓуриќ на состанок со Вучиќ

Марко Ѓуриќ пристигнал на состанокот свикан од претседателот на Србија Александар Вучиќ, а на кој присуствуваат и почитичките лидери на Србите од северот на Косово, откако вчера во Косовска Митровица беше уапсен од специјалните полициски единици.

По апсењето, тој бил ослободен, по што му е укажана лекарска помош во Куршумлија, а потоа и во Клиничкиот центар во Белград.

Се очекува дека тема на разговор ќе биде ситуацијата и сите последици по вчерашните случувања во Косово.