Дел од булеварот „Кочо Рацин“ утре без вода

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Од ЈП Водовод и канализација соопштуваат дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на Ф-80 мм. на бул. „Кочо Рацин“ бр.36.